Од кичерајската барокна фасада на МЕПСО, со еден ветер одлетаа неверојатни 11 милиони евра од џебот на македонските граѓани

Сподели

 

“Од кичерајската барокна фасада на МЕПСО, со еден ветер одлетаа неверојатни 11 милиони евра од џебот на македонските граѓани.
Парчињата стиропор и гипс, опасно по живот паднати и расфрлани околу нас, сведочат за криминалот на Груевски и неговите соработници, денес актуелни во врвот на, сè уште, неговата партија.

Толку ли беше тешко со тие пари, потрошени за нивниот барок, да се изградат нови и квалитетни градинки, училишта, студентски домови, болници, мостови или патишта?” – напиша зам. министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски на својот фб профил.