Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од полноќ, во просек за 1,92% во однос на одлуката од петокот.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2 денара по литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,5 денара по литар. Новата цена на дизелот е 98 денари за литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 85,5 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, 88 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3 денара по литар и ќе изнесува 94,5 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,277 ден/кг и сега ќе изнесува 52,463 ден/кг.