Од полноќ бензинот поскап за 2,5 денари а дизелот за 3 денари

Сподели

 

Од ноќеска на полноќ цената на нафтените деривати ќе бидат со ново покачување, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска се зголемуваат за 2 и пол денари за литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 3 денари за литар.

Од ноќеска Еуросупер БС-95 ќе се продава за 88,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 90,50 денари за литар. Дизелот ќе може да се набави од бензинските станици за 90 денари за литар, додека екстра-лесното масло ќе чини 87,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,293 ден/кг и ќе изнесува 53,587 денaри за килограм.