Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе одлука за поскапување од полноќ на бензините и дизел горивото за 1,5 денари по литар.
ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 83,5 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 85,5 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 87,5 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе изнесува 84 денари за литар, а мазутот ќе се продава за 57,347 ден/кг.