Од полноќ поевтини цени на горивата

Сподели

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Од полноќ бензинот Еуросупер БС-95 поевтинува за 1 денар за литар и од ноќеска ќе чини 77 денари за литар. За половина денар, пак, ќе поевтинат Еуросупер БС-98, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство. Новата цена на 98-октанскиот бензин ќе изнесува 79,5 денари за литар, додека литар дизел гориво ќе чини 66,5 денари. Екстра лесното масло ќе чини 65,5 денари за литар.

Поевтинува и мазутот, кој од ноќеска ќе се продава по цена од 39,155 денари за килограм.