Од ноќеска на полноќ, цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1 денар по литар, а малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,5 денари, одлучи РКЕВУ.
Согласно најновата одлука, од вечерва цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 83,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 81,5 денари за литар, додека литар дизел гориво ќе се продава по цена од 76 денари. Се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство, и тоа за 1,5 денар по литар, па од полноќ истото ќе чини 75 денари за литар.
Зголемување има само кај цената на мазутот, која по поскапувањето од 0,064 денари за килограм, ќе изнесува 41,266 денари за килограм.