Изложбата „Од семејно кон институционално културно наследство – семејство Шабан“ на Музејот на македонската борба за самостојност утре (8.11.2024 г.) ќе гостува во македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул.
Ќе бидат изложени 15 изложбени паноа, со текстови и фотографии од предмети на семејството Шабан, драгоцена донација на музејскиот фонд. Автор на изложбата е Елизабета Марковска, кустос етнолог, а соработници за реализација на проектот се Василија Чали, Ана Китановиќ, Марија Коробар и Габриела Бошкова Постолова.