Од телефонот за донации 143 400, досега собрани се 81.300 евра

Сподели

13934700_10207180652619968_8660066465953209934_n

Вкупно пет милиони денари или 81.300 илјади евра се собрани досега од телефонскиот број за донации за поплавеното население, потврдуваат од Црвен крст.

Телефонскиот број 143-400 беше отворен вчера на пладне и ќе биде во функција и наредните неколку дена.

На телефонскиот број може да се донира од сите мобилни оператори.

Според член 24 точка 10 од Законот за данок на додадена вредност, за услугите со кои се овозможува донирање на финансиски средства за хуманитарни цели не се плаќа ДДВ.