Oд утре во Србија вонредна состојба поради коронавирусот

Сподели

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ соопшти дека е одлучено да се воведе вонредна состојба низ цела Република Србија. Тој ја објави одлуката по состанокот со членовите на Владата и кризните служби, истакнувајќи дека таа влегува во сила веднаш.

Вучиќ објасни дека од утре во Србија се затвораат училиштата, градинките, спортските објекти и сите ќе бидат дезинфицирани. Се менува и режимот на работа на угостителските објекти.

„Од денеска, Србија е во војна против невидливиот и опасен противник, кој мора да победи“, рече Вучиќ во обраќањето пред јавноста.

Досега во Србија се регистрирани 48 пациенти заразени од коронавирусот.

РСЕ