По повод стогодишниот јубилеј на највлијателната образовна установа во областа на архитектурата, уметноста и дизајнот – Баухаус, амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје и Гете Институт Скопје организираат низа настани.
Вечерва во Кинотека ќе биде отворена патувачката изложба „Баухаус имагиниста“(„bauhaus imaginista“). Изложбата е дел од истоимениот меѓународен проект на Гете Институтот.
4 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 19:00 ч. (Галерија на Кинотека)
БАУХАУС ИМАГИНИСТА / BAUHAUS IMAGINISTA
Bauhaus imaginista е опсежен меѓународен проект по повод стогодишнината од школата со фокус на неговата меѓународна распространетост и рецепција.
ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА
Оваа патувачка изложба обединува идеи, истражувања и документација од bauhaus imaginista. Уметникот Лука Фрај разви структура – делумно скулптура, делумно изложбена архитектура – како простор, во кој посетителите можат подлабоко да се запознаат со повеќе различни рамништа на проектот. Таа опфаќа кураторско истражување, текстови и слики од четирите поглавја, како и документација за меѓународната програма на bauhaus imaginista од 2018 година.
Во центарот на инсталацијата има компјутерски терминал, каде посетителите можат да го разгледаат онлајн-списанието на баухаус имагиниста (bauhaus imaginista) и да отпечатат слики и текстуален материјал со цел да ги соберат во папките, предвидени за тоа. Посебна филмска програма покажува лично изработени дела од современи уметници и научници и научнички: Зви Ефрат, Кадер Атија, Групата Отолит и Венделиан ван Олденбург на теми и приказни од Баухаус.
***
ЗА БАУХАУС ИМАГИНИСТА / BAUHAUS IMAGINISTA
Проектот Баухаус имагиниста (Bauhaus imaginista) по повод јубилејот „100 години Баухаус“ претставува соработка на кооперацијата Баухаус Берлин Десау Вајмар, Гете-институтот и Домот на културите на светот. Тој е финансиран од Министерството за надворешни работи и Сојузната фондација на културата. Куратори на проектот се Марион од Остен и Грант Ватсон во соработка со меѓународен тим од научници.
***
Во Музејот на современа уметност утревечер ќе биде отворена изложбата „bau1haus“ од Жан Молитор. На изложбата ќе бидат претставени 50 фотографии од Германија и од светот на берлинскиот фотограф Жан Молитор. Фотографиите ја прикажуваат архитектурата на Модерната од сите нејзини најразлични аспекти.
Во cреда, со почеток од 19 часот во Музејот на современа уметност ќе има проекција на филмот „Духот на Баухаус“ на Нилс Болбрикер и Томас Тилш. Потоа ќе следи дискусија на темата „Значењето на Баухаус во Скопје“.