Одбележување на Недела на борба против туберкулоза

Сподели

Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 14-21 септември 2024 год. ќе ја одбележи Неделата на борба против туберкулоза.

Овогодинешното мото за одбележување на Недела на борба против туберкулоза на Црвен крст на Република Северна Македонија е: “Да ставиме крај на ТБ„.

Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје во рамки на неделата ќе организираат работилници, ќе споделуваат објави на социјалните медиуми и многу други промотивни активности за подигнување на јавната свест за превенција и навремено дијагностицирање на туберкулозата.

На овој начин сакаме да ја подигнеме јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберкулозата (ТБ) и да го поттикнеме забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ, информираат оттаму.