Денеска, со почеток во 12.00 часот, со пригоден настан во холот на НУ Музеј на македонската борба ќе бидат одбележани 110 години од смртта на еден од најголемите македонски револуционери и идеолог на Македонската револуционерна организација, Дамјан Груев.
Освен потсетувањето на неговиот животен пат, во оваа прилика за прв пат ќе бидат изложени и документи од тајната кореспонденција меѓу Дамјан Груев и Христо Узунов.
Гости на свеченоста ќе бидат учениците од ПОУ Иднина од Скопје, а во музичкиот дел ќе настапат членовите на Ансамблот Македонија.