Владата на Република Северна Македонија, утре на 4 мај (сабота), ќе ја одбележи 121 годишнината од смртта на Гоце Делчев со положување свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата „Св.Спас“,Скопје.
По тој повод, во 10:30 часот, свежо цвеќе ќе положи претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, владина делегација предводена од Славјанка Петровска, министерка за одбрана, Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање.