26. јули е денот кога се потсетуваме на еден тажен момент од животот на Скопје. Но, тоа е и ден кога треба да го славиме животот, да ја славиме хуманоста и подадената човечка рака. Никако не треба да ја заборавиме светската мобилизација за помош на Скопје и негоите жители. Исто така, овој ден е значаен бидејќи треба секогаш да се потсетуваме дека нема играње со приридата и дека ова може да му се случи секому.
И по 56 години важно е да се чествува овој ден и сите да се потсетиме на тоа што се случило. Важно е да ги потсетуваме и младите генерации на она што светот го направил за нас, зашто сама така ќе ги научиме што значи хуманост и подадена рака во тешки моменти.
Овој ден не го нарекуваме прослава, ниту пак чествување. 26 јули е ден на хуманоста, ден на добрите дела и ден за сеќавање на сите што не се повеќе со нас.
Денот на скопскиот земјотрес 26 јули, ќе биде одбележан со соодветна музичка програма со учество на:
1. Биља Крстиќ – најпознатата српска и балканска етно дива, која во својот редовен репертоар има голем број на македонски традиционални композиции, лидер на оркестарот Бистрик, со кој има одржано голем број концерти ширум светот.
2. Танос Ставридис – нејпознатиот грчки accordion (хармоника) музичар, кој соработува со некои од најпознатите балкански етно и џез музичари, професор на “Traditional Music of the Technological Educational Institute of Epirus”, основач на “Hellenic Association of Accordion Teachers”.
3. Влатко Стефановски – најпознатиот македонски и еден од водечките балкански музичари.
4. Биг Бенд – составен од некои од најпознатите и најдобри македонски музичари, под водство на Љупчо Мирковски, познат македонски музичар и композитор.
Се гледаме на Школка, во чест на сите оние кои не се повеќе со нас, но и во слава на сите ки помогнаа Скопје да се издигне како Феникс!