Одбележување на 70 години од Егзодусот на децата бегалци од Егејска Македонија

Сподели

Здружението “Т`га за југ” заедно со здруженијата од Штип, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Битола, како и Здружението “Чеган” и Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – Скопје, во пресрет на Петтата Светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, која ќе се одржи од 19-21 јули, во Скопје и во чест на 70 годишнината од Егзодусот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, организира Трибина, во Град Скопје, на ден 30.03. 2018 година, во 11.часот.