Одбележување на геноцидот во Сребреница во Собранието на Република Северна Македонија 

Сподели

 

Денес во Собранието на РС Македонија се одржа средба на Претседателот на Собранието, г-дин Талат Џафери, пратениците Зеќир Рамчиловиќ, Ферид Мухиќ и Илија Николовски со претставниците на невладините организации од бошњачката заедница као дел од одбележувањето на геноцидот врз населението на Сребреница и нејзината околина.

 

Своите пораки за мир и осуда на геноцидот ги искажаа претставниците на Собранието и дел од присутните. Пратеникот на Движењето АВАЗ, Зеќир Рамчиловиќ говорејќи за геноцидот и важноста за одбележувањето на овој ден истакна:

“Геноцидот во Сребреница не е сторен само врз Бошњаците туку врз целото човештво исто како и други геноциди кои за жал се случуваат. И поради тоа својата позиција максимално ја користам за да одбележувањето на геноцидот се подигне на едно повисоко државно ниво, како што тоа го направивме со првата државна собраниска делегација која присуствуваше на комеморацијата во Меморијалниот центар Поточари која ја предводев, а особено оваа година кога Претседателот на Собранието истата ќе ја предводи.”

Здружението АВАЗ со години е дел од одбележувањето на геноцидот во Сребреница и сакаме да ги поканиме сите граѓани да присуствуваат на Комеморацијата за геноцидот во Сребреница која ќе се одржи на 10.07.2019. во салата на хотелот Буши, како и на Маршот на мирот кој ќе се одржи наредниот ден.