Светскиот ден на детето се одбележува на 20.ноември, по повод потпишувањето на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации.
Зградата на Владата, Собранието и други институции денеска и утре ќе бидат осветлени во сина боја во чест на 30. годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на децата од ООН , што се одбележува како Светски ден на децата.
“Пред 30 години ОН ја усвоија Конвенцијата за правата на детето и ни го подарија Светскиот ден на децата за да се залагаме за нив, за секое дете да има пристап до секое право.
Децата и младите се предводници на нашата иднина. Децата нè инспирираат и се најголемата причина за нашиот стремеж да изградиме подобар свет што им го оставаме во наследство” – напиша премиерот Заев на својот фб профил.