На 24 август од 18:00 часот во галеријата „Friedrich7“ во Дортмунд, Германија, ќе биде отворена изложбата „Одблесоци“ од авторот Слободан Милошески. Изложбата ќе биде составена од 16 скулпторски дела со галериски формат, а публиката ќе има можност да ја посети поставката до 7 септември.
Слободан Милошески има реализирано 34 самостојни изложби, а учествувал на над 90 групни изложби во земјава и во странство. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштвото на ликовните уметници на Македонија во 2012 и во 2015 година и други. Член е на ДЛУМ од 2009 година, а во моментов работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.