Одложена седницата на Советот на јавни обвинители

Сподели

Советот на јавните обвинители поради немање кворум ја одложи денешната седница на која требаше да именува вршител на функцијата јавен обвинител до изборот на нов шеф во републичкото јавно обвинителсто.

Како што истакна претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, седницата е закажана за крајот на август, конкретно на 29 август.

Вршител на функцијата ќе биде назначен од неговите заменици, а ќе ја извршува должноста до изборот на нов државен јавен обвинител.

Владата на завчерашната седница му предложи на Собранието да ја почне постапката за избор на нов државен јавен обвинител.