Одложено е и повтореното судење за случајот „Монструм“ за на 15 март, бидејќи не е прибавен предметот со кој се обвинува Сами Љута, еден од четворица кои со првичната пресуда беше осуден на доживотен затвор.
Четворицата обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро, Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири се бранат од слобода откако Врховниот суд го врати случајот на почеток.
Обвинител во овој случај е Наум Пановски од обвинителството за организиран криминал, а судија е Огнен Ставрев.
Иако на повтореното судење обвинителниот акт го застапува нов обвинител, сепак, тој потенцираше дека останува на првичниот обвинителен акт поднесен од Гешковска.
Наредното рочиште се одложи за 14 март, до кога обвинителот треба да го прибави вториот обвинителен акт.