Одложено рочиштето за „Поткуп“ за 23 јануари

Сподели

Судското рочиште за случајот „Поткуп“ денеска е презакажано за 23 јануари идната година, поради обврски на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

На почетокот на денешното рочиште одбраната на Заев побара изземање на јавниот обвинител Владимир Милошевски од овој случај, но Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција го одби барањето.

Одбраната на Заев, побара изземање на Милошевски кој го води овој случај, се додека Специјалното јавно обвинителство не се изјасни за кривичната пријава што тие ја поднеле против него. Милошевски се товари за злосторничко здружување, злоупотреба на посебни истражни мерки, повреда на правото на одбрана и недоставување на списите за преземените мерки.

Според обвинителството, Заев како градоначалник на Струмица е обвинет за барање мито од струмички бизнисмен.