Одложено судењето за „Тенк“ за 12. февруари

Сподели

Судењето за предметот „Тенк“ на СЈО во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот мерцедес вреден 600 илјади евра, е одложено за 12, 13 и 16 февруари.

Судијката Добрила Кацарска го прифати барањето на адвокатот Богољуб Софрониевски за одложување на рочиштето бидејќи немал доволно време за подготовка, имајќи предвид дека и вчера бил ангажиран како бранител на Ѓоко Поповски.

На почетокот на рочиштето судијката Кацарска го предупреди Груевски да не доцни на судењето.

На судењето дојдоа поранешниот премиер Никоал Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, кои се товарат за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.