Ограничен влез излез за сите патници кои патуваат на ГП Стење, ГП Св Наум и ГП Блато

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од пограничните служби на Р.Албанија сме известени дека почнувајќи од 06.00 часот на 13.03.2020 заклучно со 15.03.2020  до 24.00 часот ќе биде ограничен влез излез за сите патници од страна на граничните власти на Република Албанија, кои ќе патуваат на ГП Стење, ГП Св Наум и ГП Блато. Оваа одлука е донесена за сите лица кои патуваат со превозни средства кои се движат кон и од градовите Тирана, Дурс, Скадар, Елбасан, Леже, Лушне, Фиер и Валона. Исто така, известени сме дека ќе биде дозволен излез на државјани на Р.Албанија кон РСМ во зависност од подрачјето каде живеат и гравитираат кон овие гранични премини.Странските државјани ќе можат да остварат влез на наведените премини, но нема да можат да се движат кон наведените градови -соопштуваат од МВР..