Штетите од ураганот Харви во Тексас се проценуваат на 42 милијарди евра, поради што таа би можело да се смета за една од петте најскапи што ги погодија Соединетите држави.
Главните операции сега се сведуваат на евакуација на населението и давање помош на загрозените, но некои агенции за проценка сметаат дека набрзо ќе стане пресудно пршањето за влијанието на овој ураган врз стопанството на Тексас, држава која е втора најголема во САД по површина и по население.
Властите на градот Хјустон воведоа ноќен полициски час поради ураганот „Харви“. Од одлуката се изземени волонтерите, спасувачките екипи и оние кои работат во периодот на кој се однесува забраната за движење. Целта е да се спречат кражби во евакуираните области.
„Ги советувам сите граѓани на Хјустон да бидат внимателни постојано. Состојбата не е ставена под контрола, нашите екипи продолжуваат со работа и во наредните денови“, изјави Силвестер Тарнер, градоначалник на Хјустон.
CNBC.com
Трамп веќе прогласи вонредна состојба во Тексас и во соседна Луизијана каде што се очекува враќање на ураганот. Жителите на Њу Орлеанс кои ја одбележуваат 12 –годишнината од разорниот ураган Катрина се подготвуваат за нов удар.
Најскапиот ураган беше Катрина во 2005 година кој чинеше 118 милијарди долари.