Охрид промовиран во странските медиуми

Сподели

Охрид, како најголем туристички центар и Република Македонија годинава ќе ја посетат 1,2 милион туристи, кои ќе направат 3,2 милиони ноќевања и ќе донесат девизен прилив од 24 милијарди денари (390 милиони евра).

Според официјалните показатели на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, расте интересот на странците за Македонија, за што доказ е и растот од 26,5 проценти на девизниот прилив од туризмот само во првиот квартал годинава споредено со истиот период лани. Од јануари до јуни годинава веќе се регистрирани над 923 илјади ноќевања на над 433 илјади туристи, што е раст од 16,4 отсто по бројот на туристи. Лани во земјава дошле речиси еден милион странски туристи, со 2,8 милиони ноќевања. Најпосетувани се охридскиот и скопскиот регион.

Успешната сезона не е случајност, Охрид и останатите убавини на Република Македонија беа промовирани во бројни медиуми во 12 земји. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија реализира медиумска кампања во Словенија, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Турција, Полска, Романија, Естонија, Шведска, Израел и Бугарија. Посакуваните резултати од медиумските активности се задржување и зголемување на бројот на туристи од овие туристички пазар.

По спроведените анализи и истражувања на пазарот, медиумските активности и промовирање на туристичките потенцијали на Македонија се реализираат преку следниве промотивни канали, во кои Охрид како туристичка дестинација беше промовиран: http://www.ohrid.gov.mk/index.asp?PodatociID=7120.

Oд октомври ќе продолжат дополнителните активности за промоција на Охрид и останатите убавини и туристички потенцијали на Република Македонија.