На Плаошник се гради врз недоиспитана културна оставина, обвинуваат од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“, од каде повторно ја актуелизираат ситуацијата со градењето на импозантни градежни објекти на Плаошник.
– Каква небулоза! Се гради така што се уништува природата и се навлегува во шуми. Се узурпира преубавиот поглед кој сега ќе биде недостапен за локалните жители – велат од „Охрид СОС“.
Тие додаваат дека во УНЕСКО се згрозени од тоа што му се случува на Охрид.