Охридската Служба за спасување во рамки на проектот „Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, го промовира скратениот СОС број кој за прв пат се воведува во Македонија и може да се повикува од сите мобилни и фиксни оператори во земјава.
13 112 е новиот СОС број на кој, во иднина, ќе може да се повика помош во случаи при повреда во планина.
Повикот на СОС бројот 13 112 ќе е достапен од секој оператор во Македонија, но охридската служба може да делува на пет територии: општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебрца и Ресен кои територијално може да ги покрие во разумно време за интервенција на планина. Доколку се добие повик од останатите региони, тогаш повикот ќе се пренасочи кон колегите во регионот од каде стигнал повикот.