Основното јавно обвинителство ќе поведе истрага против претседателот Ѓорѓе Иванов.
Основното јавно обвинителство информира дека постапувајќи по две анонимни кривични пријави во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа, постапува во предистражна постапка, во насока на проверка на наводите во пријавите.
„Со таа цел веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на Претседателот“, се вели во соопштението од ОЈО.