Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог против актерот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски, поради закани кон новинарот Бранко Тричковски, во јуни минатата година.
„Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот“, соопшти Обвинителството, без да го посочи идентитетот на двете лица.
Тони Михајловски на 16 јуни минатата година напиша „Јас Бранко Тричковски можам да го убијам и да не ми трепне око. Прости ми боже“.