Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по соопштението на митрополитот Агатангел и повардарската епархија.
Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по соопштението на митрополитот Агатангел и повардарската епархија со кое ги повикува верниците на масовно одење во храмовите за време на верскиот празник Духовденска задушница, во петок и сабота, во тек на целиот ден, додека во сила е забраната за групирање на територијата на целата држава, забраната за движење на населението во одредени временски периоди и забраната за пристап до гробишта.
„Со цел утврдување на факти во предметот и евентуална кривична одговорност, велешкото обвинителство даде насоки на СВР Велес за обезбедување на податоци во однос на стореното дело и испитување на околностите дали содржи обележја на кривично дело, како и во поглед на почитувањето на мерките кои се определени од страна на владата” -соопштуваат од обвинителството.