Францускиот претседател, Франсоа Оланд, призна дека постои ризик од напади за време на Европското првенство во фудбал, но додаде дека Франција не смее да биде заплашена.
– Заканите ќе траат некое време. Но, ние мора да направиме сè за „Евро 2016“ да биде успешно – изјавил Оланд за радио „Франс прес“, а пренесува АФП.
Европското првенство во фудбал ќе се одржи во Франција од 10 јуни до 10 јули.
Оланд: Постојат закани за напади за време на Европско првенство во фудбал