Ако сретнеш дете со специјални, посебни потреби, немој од него да бараш да се спушти на твоето ниво, туку ти потруди се да се искачиш на неговото. Затоа што нему не му се потребни пари за да биде среќно. Детето со посебни потреби е среќно ако е сакано и многу добро знае да ја разликува искрената љубов и тоа само со еден поглед.
Не ги вреднува луѓето по националности, затоа што е едно од ретките кое го знае вистинското значење на безусловната љубов, оти тоа те сака и не очекува за возврат ништо.
Не прави никаква разлика помеѓу богат и сиромав, едноставно човекот кој му дава искрена и топла насмевка за него е добар човек. Оној кој го игнорира и разговара со други, однесувајќи се како да не го приметува, како да не постои, го натажува, бидејќи ќе остане странец во неговите очи, бидејќи нема да дознае што значи тоа да бидеш безусловно сакан.
Лице со специјални потреби не си ја лечи тагата со шопинг и оговарање, туку со песна, игра и прошетка со оној кој го сака. Неговиот осет за вредност е секогаш врзан за нешто што има душа, сонцето, цветот, птичките… Затоа кога ќе сретнеш дете со посебни, со специјални потреби, не барај од него да се спушти на твоето ниво и да го разбере твојот свет, свет во кој ти е насобрано само материјалното, свет во кој ти е важна куповната моќ, политичката одредба, свет во кој ти е важна моќтта и егото и се` она што би можело да ти донесе среќа, затоа не… не барај од него да се спушти на твоето ниво, туку ти пробај израмни се на неговото и ќе сфатиш дека премногу очекуваш и ништо не ти е доволно па затоа си несреќен. Ќе сфатиш дека всушност ТИ си тој со специјални потреби оти постојано имаш потреба од нешто што го немаш. И ќе сфатиш и уште нешто… дека тоа дете си го сретнал со причина, за да те научи нешто, нешто многу важно, секако ако си расположен да учиш!
ФБ статус, Оливера Доневска