Операта „Кармен“ од Жорж Бизе на сцената на МОБ

Сподели

 

Една од најпознатите и најизведувани опери во историјата на светските оперски куќи, „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе биде изведена вечерва, 28 ноември, и на 1 декември со почеток во 20:00 часот на сцената на Националната опера и балет.

Диригент е гостинката од Украина, Оксана Мадараш, режијата е на Нина Најденова (Бугарија), сценограф е Елена Иванова (Бугарија), костимограф е Марија Пупучевска, дизајнер на светло – Васил Лисичов.

Вечерва (28 ноември) во насловната улога ќе настапи гостинката од Србија, мецосопранот Сања Анастасиа, а во другите улоги настапуваат: Зоран Сотиров, Ристе Велков, Катерина Стојановска, Ана Ројдева Талевска, Соња Пендовска-Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев и Тихомир Јакимовски.

На 1 декември, пак, ќе настапат: Сања Анастасиа (Србија), Зоран Сотиров, Васко Здравков, Елена Голомеова, Ана Ројдева-Талевска, Соња Пендовска-Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев, Тихомир Јакимовски.

Настапуваат хорот, балетскиот ансамбл, оркестарот на Националнатa опера и балет и детскиот хор „Пиколо“ при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје, под раководство на Весна Димчевска.