Општина Гостивар има предвидено доделување на 6.000 денари за секое новороденче во Гостивар.
Аплицирањето се врши на веб-страницата на Општина Гостивар, каде што се бараат следниве документи: извод од матична книга на родените за бебето, лична карта на таткото и мајката, банкарска трансакција на еден од родителите и контакт број.
Оваа мерка е предложена од градоначалникот на Општина Гостивар, а беше изгласана на последната седница на Советот на Општина Гостивар.
Оваа финансиска поддршка за семејствата со новороденчиња може да ги олесни почетните трошоци и покажува посветеност на општината кон социјалната политика и семејствата