Претседавачот на Советот, Валбон Лимани, во име на општина Гостивар го потпиша Меморандумот за соработка во рамките на проектот „Еко иднина за Гостивар“, со претседателот на Organized Youth Assocation – OYA, Арт Спахиу.
Проектот „Еко иднина за Гостивар“ има за цел да ја подобри еколошката состојба во општина Гостивар и да ги дефинира еколошките приоритети за следните 5 години. Како резултат на овој Меморандум за соработка, ќе се состави стратешкиот документ за еколошките приоритети на општина Гостивар и ќе вклучи и реактивирање на еко-патролата, која ќе има задача да подигне акции за чиста животна средина.
Сензибилизација на јавното мислење во однос на еколошкиот спектар, заштита на зелените површини и чистотата во градот ќе бидат активности во контекст на проектот „Еко – иднина за Гостивар“.
Овој проект го спроведува OYA во соработка со Youth Community Center Gostivar и Center For Youth Education and Mediation и се спроведува во рамките на проектот „Невладините организации во акција за климатски промени“, кој е финансиски поддржан од Владата на Шведска, а имплементиран од Еко-свест, Македонско здружение на млади правници и Фондација CNVP.