Општина Крушево: Граѓаните да не ја користат водата за пиење

Сподели

 

Јавното претпријатие „Комуна“ од Општина Крушево информира дека поради обилните врнежи во текот на изминатите 24 часа настанало заматување на водата.

Граѓаните да не ја користат за пиење или пак доколку се конзумира истата задолжително да се преврива, се наведува во соопштението на Општина Крушево.