Општина Центар: Новогодишна хуманитарна акција „Центар подава рака“

Сподели

Од утре официјално започнува новогодишната хуманитарна акција на општина Центар.  Општината собира донации за околу 100 дечиња од социјално загрозените семејства кои живеат на територија на општината. Самата акција е во склоп на новогодишната прослава која е од хуманитарен карактер. Артистите кои настапуваат на Сквер Јадран за Нова Година, „САФ“, „Јура Стублиќ и Филм“ и „Забрането пушење“, веќе донираа дел од своите хонорари во висина од 600.000 денари.

centar-podava-raka-2

Од утре, на повеќе пунктови низ центарот на градот, и граѓаните ќе може да донираат средства на посебно обележани штандови и да се информираат подетално околу тоа како и каде ќе бидат наменети  средствата.

Општина Ценатр  ги повикува  граѓаните да се вклучат и да ја покажат на дело својата хуманост. Децата се нашето најголемо богатство, а нивната среќа и убаво детство се наша обврска. Парите кои ќе се соберат со оваа акција се наменети токму за децата од социјлано загрозените семејства.

Во моментот се завршува процедурата за отварање на сметка за донации, на која од 1 јануари ќе може да донираат граѓаните и компаниите. Во тој контекст, Советот на својата завчерашна седница едногласно ја изгласа одлуката за отворање на донаторска сметка.

Во следните денови, донациите ќе можат да се дадат на пунктовите кои ќе бидат поставени  од 12:00 до 17:00 часот на 30 декември (петок)  и од 12:00 до 16:00 часот на 31 декември (сабота) во центарот на градот.

Граѓаните ќе може да донираат и на самата прослава на Сквер Јадран, која започнува од  22: 00 часот за Нова Година.

Акцијата официјално ќе трае до 16 јануари, кога ќе биде објавено колку средства се собрани и ќе започне нивната распределба.