ОРИОН: Нов телескоп за гама зраци

Сподели
Пуштен е во употреба првиот прототип на нов вид на телескопи со чија помош ќе се набљудува вселената во гама зраци. Неговата конструкција предвидува да биде со ниска цена, стациониран на Земјата и со широко видливо поле.
                                    Астри телескопот за детекција на гама зраци
Гама зраците не ја пробиваат нашата атмосфера, но сепак има интеракција со молекулите кои во одредени услови предизвикуваат ослободување на сини и УВ фотони во вид на Черенкова радијација, а токму за за оваа намена е конструиран овој телескоп. Иако можноста за конструкција на ваков телескоп се знаело уште пред стотина години, сепак до сега доволно напредувала технологијата за да биде за прв пат конструиран и достапен за помасовно производство. Неговите две огледала се предвидени да го елиминираат оптичкото искривување од атмосферата на неговото широко видно поле што бара голема прецизност и стабилност.

телескоп

                               Астри телескопот се наоѓа близу вулканската планина Етна на Сицилија
Овој телескоп наречен Астри е претходник на цела мрежа вакви телескопи која ќе се вика Черенков телескопска мрежа што ќе претставува следна генерација на опсерватории во гама зрачење. Оваа телескопска мрежа ќе се состои од повќе од 100 телескопи на две локации на јужната и северната хемисфера. Астри е помала верзија на телескопи кои 70 такви телескопи ќе бидат поставени помеѓу двете локации. Големиот број и широката површина на која ќе бидат распространети овие телескопи, ќе им помогнат на астрономите да добијат попрецизна слика за точната позиција на потеклото на високо енергетските гама зрачења произведени од неутронски ѕвезди, пулсари, супернови и црни дупки.