ОРИОН: Прва вселенска сонда кон Сонцето

Сподели
Најавена е нова мисија за истражување на Сончевиот систем, овој пат во прашање е Сонцето. За прв пат во историјата се испраќа сонда во близина на Сонцето која ќе биде лансирана наредната година. Оваа мисија е наречена Соларна сонда Паркер (Parker Solar Probe) во чест на научникот кој прв хипотетички го поставил моделот за сончевиот ветер, кој денес е директно набљудуван и различните ефекти кои се предизвикани од сончевиот ветер.

Сончева сонда Паркер

Уметничка изведба од Соларната сонда Паркер во близина на Сонцето (с) NASA
За прв пат во историјата, една мисија на НАСА е наречена според име на жив научник. Во педесетите години Паркер предложил неколку концепти за ефектот на ѕвездите и начинот на ослободување на енергија. Овој ефект го нарекол „сончев ветер“ опишувајќи го целиот систем од плазма, магнетни полиња и наелектризирани честички што го сочинуваат овој феномен. Паркер исто така поставил теории за супервжештена сончева корона, која не би требало да се појави според денешните познати физички закони, температурата на сончевата корона е стотици пати повисока од сончевата површина. Досега многу мисии се фокусирале на хелиофизиката на Сонцето, овој пат сондата ќе навлезе длабоко во сончевата корона испитувајќи ги особините и откривајќи мистерии постари од шеесетина години.
Соларна сонда Паркер е спремна за лансирање за најпогодниот момент во август 2018 година.