Основниот кривичен суд ги ослободи Клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев од обвинението дека во МАЛМЕД не пријавиле отпочнување со клиничко испитување на медицински средства за хемофилтрација.
Со оваа ослободителна пресуда се потврдува дека Клиничката болница ‘Жан Митрев’ и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот. Ова е само еден чекор кон целосно докажување на вистината и фактичката состојба за нашата работа и тоа дека сѐ што беше направено во Клиниката ‘Жан Митрев’, беше направено во интерес на пациентите и согласно етаблирани методи и стандарди при лекувањето“, се наведува во реакцијата на болницата по добивањето на ослободителната пресуда.
Според пресудата, Клиниката и д-р Митрев се ослободуваат од обвинението дека пред отпочнување со клиничко испитување на медицински средства за хемофилтрација не го пријавиле ова клиничко испитување во Агенцијата за лекови и медицински средства.