Османи: Бундестагот на 26. септември ќе даде зелено светло за преговори

Сподели

 

Германскиот Бундестаг ќе даде зелено светло за отпочнување на преговорите со ЕУ, изјавил германскиот државен министер за Европа и претставник на СР Германија во ЕУ, Михаел Рот на средбата со вицепремиерот за проширување Бујар Османи.

„Од Рот добив уверување дека тие како Влада ќе застанат цврсто во барањето од Бундерстагот да даде зелено светло за Северна Македонија, кој на оваа тема ќе расправа за една недела. Сметам дека се движиме во вистинска насока, поддршката од Германија ни е апсолутно клучна, и очекувам дека сите овие напори ќе резултираат со одлука во октомври за старт на преговорите. Потврдата од германскиот Бундестаг ќе претставува зелено светло и за министерот Рот и воопшто за Владата на Германија и канцеларката Меркел, на претстојните состаноци во октомври на Европскиот совет да ја потврдат одлуката за старт на преговорите – изјави Османи за медиумите.