Османи: Четириесет и три македонски државјани се eвакуираат од Украина

Сподели

 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес изјави дека од вкупно 120 мапирани граѓани од Македонија, меѓу кои има и дел украински граѓани, 20 граѓани го искористиле апелот и ја напуштиле Украина пред да почне воената инвазија на 24 февруари.

Според министерот, по руската агресија 20 граѓани ја напуштиле Украина и веќе се пристигнати во земјава.

„Четириесет и три се во активна евакуација и се на пат за излез од Украина. Од нив 25 веќе се во околните земји, додека 18 се сè уште во Украина, но патуваат кон границите во безбедни конвои“, посочи Османи.

Во Украина сѐ уште се останати 38 македонски граѓани од кои 11 се во Киев, 7 се наоѓаат во Запорожје, а 18 се во другите делови од Украина.

Институциите во Македонија прават анализи дали и колку бегалци од Украина би можеле да бидат згрижени кај нас, но засега никој не побарал статус на бегалец. Тој најави дека очекува на утрешната сеница на Влада веќе да се утврдат расположливите капацитети за беглаци.