Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи оствари прва официјална работна средба со новоназначената амбасадорка на Португалија во Македонија, со седиште во Белград, Марија Виржиња Мендес да Силва Пина.
Централна тема на средбата биле предизвиците поврзани со европските интеграции, а во пресрет на Самитот на ЕУ во март, во насока на потенцијалите за почеток на преговорите со ЕУ пред мајскиот самит посветен на Западниот Балкан.
„Ние сме подготвени за почеток на преговорите, се надевам дека и Европската унија ќе ги создаде неопходните услови за продолжувањето на процесот на проширување со земјите од Западниот Балкан“, истакна Османи, посочувајќи на позитивните сигнали кои доаѓаат од Европската Комисија и од земјите-членки поврзани со новата методологија за проширување.