“Доколку граѓаните немаат свест за да сфатат дека коронавирусот убива, тогаш се е залудно. Откако се врати трендот на новозаразени, граѓаните почнаа да веруваат дека овој вирус постои и почнаа да се плашат и за одредено време ќе се намали бројот на новозаразени – изјави Бујар Османи во емисијата Клик Плус.
„Денешната бројка ги освести сите дека нашето невнимателно и несериозно однесување ги убива нашите најблиски. Мислам дека ова е силна порака, секој полицаец кој ќе ве застане да провери дали носите маска, а вие по 10 минути да ја тргнете. Доколку не сме свесни за да разбереме дека ова болест ве убива вас и вашите најблиски, тогаш се е залудно“ – рече Османи.