Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во својство на претседавач со ОБСЕ денеска ќе престојува во работна посета на Украина. Посетата на Украина е во рамки на остварувањето на една од главните заложби од Програмата на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.
“Kако Претседавач со ОБСЕ повторно ќе ја посетам Украина, за да изразам поддршка за земјата и солидарност со граѓаните изложени на немилосрдните последици на војната.
Влијанието на воената агресија на Русија врз Украина силно се чувствува во поширокиот регион на ОБСЕ, ги промени глобалните текови и ги разниша основните заложби на Организацијата.
Со украинските владини претставници ќе разговарам како да ја зајакнеме улогата на ОБСЕ и на нејзината Програма за поддршка на Украина во насока на ублажување на последиците од војната за луѓето од погодените подрачја, но и влијанијата од неа врз поширокиот регион на ОБСЕ.”