Османи: Разликите за Законот за СЈО се надминливи

Сподели

 

“Јас сум оптимист дека ќе се најде компромис за Законот за Јавно обвинителство и ќе се донесе со консензус помеѓу сите политички партии. Мислам дека разликите меѓу главните политички партии од македонскиот блок не се ненадминливи”, вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Османи, неодамна изјавивте дека случајот Рекет го става на тест институционалниот капацитет на земјава. Го става ли случајот на тест и датумот за преговори со ЕУ во октомври?

Мислам дека е баш лакмус-тест пред големата октомвриска одлука на Советот на ЕУ, за да се испита, на некој начин, дали институциите созреаја со реформите што ги правевме во целиот овој период. Така што, мојот став е дека оваа кризна ситуација може да ја претвориме во можност, доколку институциите одговорат сериозно и на ефикасен, транспарентен и непристрасен начин го расветлат целиот случај до крај, независно какви политички импликации може да има. Значи, ќе го повторам ставот дека криминалци и криминал има секаде. Разликата меѓу државите е во тоа дали имате институции коишто знаат да се справат на непристрасен случај.

Услов е и Законот за Јавно обвинителство, кој не е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Дали планот Б ќе биде лош преседан и има опасност од правна несигурност, како што тврди опозицијата?

Јас мислам дека разликите меѓу главните политички партии од македонскиот блок не се ненадминливи, само е потребна сериозна политичка волја и седнување на маса со цел да се надминат тие разлики.

Интервјуто на Бујар Османи за Радио Слободна Европа, прочитајте го тука