Осмомартовскиот протест во Истанбул разбиен со солзавец од полицијата

Сподели

Турската полиција со солзавец синоќа растера неколку илјади жени кои се собраа во центарот на Истанбул на марш по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената.

Најголемиот дел од демонтрантите на Плоштадот Таксим биле жени на кои полицијата им го блокирала патот откако тие сакале да го продолжат маршот кон главната пешачка авенија.

Граѓаните носеле транспаренти на кои пишувало „Феминистички револт против насилството на мажите и сиромаштијата“ и „Родена сум слободна и ќе живеам слободно“. Голем број од жените носеа виолетова облека, како симбол на движењето за правата на жените.

Видеоснимки на социјалните мрежи покажуваат како полициските сили ги гураат демонстрантите и употребуваат солзавец за да ја разбијат толпата. Според АФП, полицијата користела и кучиња за да ги насочи граѓаните кон споредните улички во Истанбул.