Oставки на Чичаковски, Дума и Милев

Сподели

По оставката на Претседателот на ДИК Чичаковски, уште два члена утрово ги доставиле своите оставки во Собранието, по притисокот на јавноста откако амбасадорот на САД, Џес Бејли, обелодени дека тие тајно си додели бонуси во износ од неколку илјади евра

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски, и членовите предложени од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, утрово ги доставија своите оставки во Собранието.

Минатата недела американскиот амбасадор Џес Бејли обелодени дека членовите на ДИК, и претседателот Чичаковски, едногласно донеле одлука со која си доделиле бонус од три плати за локалните избори и одлуката ја сокриле од јавноста.

Овие одлуки го навлекоа гневот на јавноста ако се земе во обзир дека платата на членовите на ДИК се движи околу 60 илјади денари, а на тоа треба да се додадат и патните трошоци од стотици илјади денари кои неколку членови ги подигаат.

 

Собранието, кое ги именува членовите на ДИК на предлог на партиите, може да ги прифати оставките и да ги разреши од функцијата само со гласање за кое е потребно двотретинско мнозинство од бројот на пратениците.