„Осумката“ од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени ако се прифатат брањата на БЕСА

Сподели

Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени доколку се прифатат барањата на Беса и инсистираат државјанството да остане само македонско, пренесува Телма повикувајќи се на извори од групата.

Претходно, извори за АЛСАТ брифираа дека преговорите меѓу премиерот Заев и партискиот врв на БЕСА влегле во мошне критична фаза и оти тешко веројатно е дека ќе се постигне договор.

Според изворите на Алсат, Заев во Уставниот закон не го прифаќа определувањето на државјанството на следниов начин: државјанство на Македонија/државјанин на Република Северна Македонија, како што побарале од БЕСА.