Откриени потопени бродови од 1887 година, во Охридското Езеро

Сподели

bottombrodovi-640x360

Нуркачите Никола Паскали, Александар Булески и Кире Ристески, кои се членовите на клубот „Ботом тајм“ (Bottom Time), откриле потопени бродови во водите на Охридското Езеро.

– Станува збор за два брода – влекачи кои влечат 5 т.н. „вагони“ за транспорт на различни добра низ езерото. Истите се произведени во далечната 1887 година во Италија, а намерно биле потопени во 40-тите години од минатиот век, кај Струга . Бродовите се наоѓаат на околу 1.500 метри од брегот, во близина на „веждата“, на длабочина од 7 до 9 метри – информираат од „Ботом тајм“.